УШТЕ 200 ДЕНА по завршувањето на вонредната состојба НЕМА ДА ПАЗАРИМЕ БЕЗ МАСКИ И КАКО ПОРАНО

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УШТЕ 200 ДЕНА по завршувањето на вонредната состојба НЕМА ДА ПАЗАРИМЕ БЕЗ МАСКИ И КАКО ПОРАНО

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот. Утре, на 23-ти мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Владата на оваа седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата