Охридските епидемиолози: Ниту еден од новозаболоените не присуствувал на литијата во Струга

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охридските епидемиолози: Ниту еден од новозаболоените не присуствувал на литијата во Струга

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија,во Струга нема заразени од коронавирус.Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден заболен кој бил дел од свечената процесија.

Во периодот од одржувањето на црковниот настан на 7-ми мај, до денес во Струга и струшко се регистрирани 4 заболени лица: две од селото Подгорци кај кои болеста се пренела од веќе заболено лице во кругот на семејството кој е фармацефт.Останатите две дијагностицирани лица се од  градот Струга,тие букванлно не ги напуштале своите домови,бидејќи боледувале од други сериозни болести.Едниот бил асамтичар и тој почина од коронавирус на 18-ти мај, а другото е лице со хендикеп кое не може да се движи без придружба. Неблагодарно е да се каже каде овие изнемоштени лица се заразиле, но извесно е дека не биле дел од литијата, нити тие,нити членовите на нивните семејства кои сега се во карантин,велат охридските епидемиолози.

Извор: Алфа тв

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата