(Видео) Ибрахимовиќ се повозе со ексклузивното спортско „Ферари“ во Стокхолм

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Ибрахимовиќ се повозе со ексклузивното спортско „Ферари“ во Стокхолм

Шведскиот фудбалер е голем љубител на ексклузивни спортски автомобили.

Богатството на Златан Ибрахимовиќ се проценува на над 200 милиони долари, што е повеќе од доволно за да може да ужива во своето хоби – купување скапи автомобили.

Најновиот модел во неговата импресивна колекција е исклучително реткиот „Ферари Монца СП2“, чија почетна цена е дури два милиони долари. Ибрахимовиќ го искористи убавото време за да го повози овој ексклузивен спорт кабриолет низ улиците на шведската престолнина.

„Ферари“ ќе направи само 499 примероци од овој модел, а шведскиот интернационалец е еден од среќниците што може да се пофали дека поседува еден од нив.

Ибрахимовиќ е познат како голем љубител на ексклузивни спортски автомобили, а претходно беше виден како вози „ЛаФерари“ и „Порше 918 Спајдер“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата