Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на ППД Загреб. Некогашниот стратег на Вардар за хрватските медиуми објасни зошто се одлучил за ваков потег.

„За жал, од лични причини го напуштам клубот. Мора да се вратам во Србија, не можам да бидам на две места во исто време. Кога ќе го репам проблемот што го имам со задоволство ќе се вратам во Загреб. Му благодарам многу на клубот, и жал ми е што го доведов во ваква ситуација. Се надевам дека на играчите со моето водење им помогнав да напредуваат, а верувајте дека секој меч будно ќе го следам“, изјави легендарниот Вујо.