Со 4 милиони евра Фондот за иновации ќе кофинансира 69 компании

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со 4 милиони евра Фондот за иновации ќе кофинансира 69 компании

Корисници на средства од последниот Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој ќе бидат 69 компании кои самите учествуваат со вкупен износ од 10 милиони евра, а Фондот учествува со 4 милиони евра.

„Во рамките на овој повик, во вкупен износ од 14 милиони евра, со 4 милиони учествува ФИТР, додека приватниот сектор со 10 милиони евра. На овој јавен повик се поддржани 69 компании кои се подготвени со нашата минимална поддршка да инвестираат во економијата и во економското заздравување на државата“, рече директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на денешната прес-конференција.

Деспотовски нагласи дека во најголем процент поддржани се се микро и мали компании, додека само 2 отсто од нив се големи компании.

„Ова покажува дека имаме домашни компании кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат во прилагодување и развој, а со тоа и во побрзо заздравување на домашната економија. Побрзо надминување на кризата не само за вработените во овие компании, туку за сите наши сограѓани“, изјави Деспотовски.

Од вкупно 69 компании, 36 се поддржани во редовна 33 се од скратена постапка. Меѓу нив 38 компании се компании кои се јавуваат по втор пат, и според Деспотовски очигледно се развива култура на упорност и овие компании покажуваат дека има доверба во Фондот за инвестициски развој.

Половина од апликантите се од Скопје. Во структурата на управители-апликанти има мал број на жени.

„Верувам дека жените се поподготвени за преземање на деловни ризици, но во овој момент само 29 се жени. Се надевам дека во иднина ќе бидат охрабрени повеќе“, рече Деспотовски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата