Бојан Трајковски и Бојан Стајиќ се новите аквизиции на кошаркарскиот клуб Пелистер.

Двајцата репрезентативци ќе бидат засилување за битолскиот тим во новата сезона, во која Пелистер ќе стартува со големи амбиции.

Трајковски и Стајиќ се најдоа на поширокиот список на националниот тим на стартот на квалификациите оваа година, но по првиот филтер и двајцата отпаднаа.

Во Битола работите околу спортот полека се будат, барем кога станува збор за кошарката и ракометот. Еурофарм Пелистер зема неколку квалитетни засилување со кои ќе атакува на највисок пласман идната сезона, а сега е случајот и со кошаркарскиот тим.