Истражување покажа кој тип на дијабетес е пофатален во комбинација со коронавирусот

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување покажа кој тип на дијабетес е пофатален во комбинација со коронавирусот

Според неодамнешна студија на британската национална здравствена служба (NHS), веројатноста за смртност по инфекција со Ковид-19 е поголема кај оние пациенти со дијабетес тип 1 отколку кај оние со дијабетес тип 2.

Во студијата исто така се наведува дека скоро секој трет пациент во англиските болници кој починал од коронавирус имал дијабетес, пишува „Гардијан“.

За оние со дијабетес тип 1, автоимуна форма на болеста, три и пол пати е поголема веројатноста да починат при инфекција со Ковид-19, во споредба со оние кој боледуваат од дијабетес тип 2. Од друга страна, луѓето со дијабетес тип 2, болест која е тесно поврзана со прекумерна тежина, е двојно поверојатно да починат доколку се заразат, во споредба со оние кои немаат дијабетес. Девет од 10 дијабетичари имаат токму дијабетес тип 2, а многу од нив се со поголема телесна тежина.

Возраста, сепак, е одлучувачки фактор на ризик за смртност на пациентите со која било форма на дијабетес, доколку се заразат од новиот коронавирус. Според најновите податоци за NHS, помладите луѓе со дијабетес имаат многу низок ризик од смрт во споредба со оние над 40 години, а особено во споредба со оние над 60 години.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата