Грција добитник на меѓународната награда „Сино знаме“ за 497 плажи

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција добитник на меѓународната награда „Сино знаме“ за 497 плажи

Годинава Грција го доби најпрестижното меѓународно признание за квалитетот на туристичките капацитети, „Сино знаме“ за 497 плажи, 14 марини и 6 агенции за крстарење и со тоа стана светски вицешампион на туризмот, јавува агенцијата АНА.

Меѓународната комисија додели Сини знамиња на 82 агенции за крстарење, 691 марини и 3.895 плажи низ целиот свет.

Престижните Сини знамиња се доделуваат од 1987 година за најубавите плажи и марини, но од 2017 година се доделуваат и на најдобрите агенции за крстарење.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата