Зошто и кои АДОЛЕСЦЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА РАНО ПОЧНУВААТ СО С*КС

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто и кои АДОЛЕСЦЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА РАНО ПОЧНУВААТ СО С*КС

Зошто е ова прашање важно за младите и за заедницата?

Периодот на адолесценција е обележан со крупни телесни, когнитивни и емоционални промени, при што често, биолошката и физиолошката зрелост не ја следат психо-социјалната и емоционалната подготвеност за предизвиците поврзани со партнерските и сексуалните релации.

Прашањата кој-а сум јас, како гледам на себе, како да бидам прифатен-а, стануваат важни одредници на однесувањето на младите, особено во полето на сексуалноста и нејзиното изразување. Првите сексуални искуства имаат силно влијание врз сликата за себе, врз социјалниот статус и врз идните сексуални однесувања. Истовремено, раната сексуална иницијација се врзува за кластер од ризични однесувања, како злоупотребата на дроги и незаштитениот секс, односно за депресивни расположенија и ниските училишни постигнувања .

За разлика од подоцнежните сексуални искуства за кои е поголема веројатноста да бидат поврзани со приврзаноста кон училишетото и со стабилноста и имотноста на семејството. Според резултатите од Health Behavior in School Aged Children (HBSC) студијата 47% од момчињата и 7% од девојчињата на возраст од 15 години, директно или индиректно одговориле дека имале сексуално искуство.1 Се разликуваат ли тие од нивните врсници без сексуални искуства?

Со какви предизвици се соочуваат и колку се самостојни во одлучувањето за своето здравје и живот? Првите сексуални искуства на младите во Македонија ги обележува висока меѓуродова диспропорција (табела 1).

Меѓуродови разлики се јавуваат и во примена на методите на заштита од несакана бременост и сескуално преносливи болести, со пониски стапки од европските просеци (табела 2). 

Ризици и ризични однесувања - Момчињата со рани сексуални искуства почесто пушат цигари и канабис, повеќе пијат и се опиваат, и почесто малтретираат и влегуваат во физичка пресметка, од нивните сексуално неискусни врсници (табела 3). Истовремено, тие се и почести жртви на малтретирање во училиште, на сајбермалтретирање (17% / 8%), како и на сексуално вознемирување, и/или на обид за насилен сексуален однос (табела 3).

Социјална поддршка и справување – семејство, училиште, врсници – Момчињата со рани сексуални искуства се помалку физички активни и со послаби училишни постигнувања, но затоа почесто се дружат надвор од домот и почесто контактираат со пријателите преку социјалните мрежи (табела 5). Истовремено, тие се и поизложени на малтретирање и на сајбермалтретирање, и во поголем број сметаат дека пријателите се однесуваат нефер. Тие прикажуваат и помалку разбирање во семејството и не се чувствуваат еднакво поддржани од родителите (табела 5).

Живеат ли 15-годишните девојчиња со рани сексуални искуства поразлично од сексуално активните момчиња?

Девојчињата со рани сексуални искуства, исто така, почесто пушат, повеќе пијат и се опиваат, но и почесто учествуваат во тепачки и малтретирање во училиште, во споредба со нивните сексуално неактивни врснички (табела 6). И тие почесто биле жртва на најмалку еден обид за принуден сексуален однос. Слично како и момчињата и тие ја немаат истата поддршка од родителите (табела 6). Има голема веројатност, девојките со рани сексуални искуства да се почувствителни и емоционално помалку зрели од своите сексуално неискусни врснички, нешто што се забележува и кај сексуално активните момчиња. И тие земаат лекови за смирување, а во голем број (до 30%) барем еднаш сериозно размислувале за самоубиство. За разлика од сексуално активните момчиња тие се помалку физички активни и поизолирани (поретко се дружат и помалку користат електронски медиуми за комуникација), од останатите врсници (табела 6).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата