Откако во медиумите се појави видеото од куќата на Сека Алексиќ кое е опкружено со полиња и природа, реакциите на социјалните мрежи беа поделени.
Додека некои истакнуваат дека тоа залудно е да имаш прекрасна вила на такво место, други и завидуваат затоа што има свој мир, далеку од градските гужви и загадениот воздух, особено во времето на пандемијата на коронавирусот.
Токму затоа, самата Сека објави преписка на социјалните мрежи со нејзин фан, а таму стои дека не е ни свесна колку е среќна што живее далеку од центарот на Белград, а неговата порака можете да ја прочитате во целост подолу.
Покрај тоа што објави порака што ја допре, Алексиќ својот одговор го сподели со своите следбеници:
- Да, луѓето навистина се исмеваа со мојот потег, но не е сè како што изгледа. Среќно би било да најдеш добра нива како и јас!, рече Сека