ДИНО МЕРЛИН СТАНА ДЕДО ЗА ПРВ ПАТ: Бебето доби име со сентиментално значење

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДИНО МЕРЛИН СТАНА ДЕДО ЗА ПРВ ПАТ: Бебето доби име со сентиментално значење

Една од најголемите музички ѕвезди во регионот, Дино Мерлин, стана дедо, потврдено е од кругови блиски до неговото семејство.

Тој го добил својот прв внук, ред неколку дена, од неговиот син Хамза и снаата Џенета Табаковиќ -Дервишалидовиќ, а бебето го добило името Незир.

Мајката и бебето се веќе дома и се чувствуваат добро. Честитки до семејството доаѓаат од сите страни - рече изворот.

Синот на Мерлин, Хамза, се ожени со Џенет минатата година, а нивната љубов трае уште од средно училиште и тие оттогаш се неразделни. Тие беа во врска седум години. Момчето го доби името на неговиот прадедо Незир, татко на сопругата.

Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида која стана тетка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🙌👋

A post shared by Dino Merlin (@dinomerlinofficial) on

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата