ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЛЕТУВАЊЕ 2020: Што не чека на границите и кога ќе може да се летува

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЛЕТУВАЊЕ 2020: Што не чека на границите и кога ќе може да се летува

Како што првично беше објавено, македонските граници се уште не се отворени, а како што рече министерот за здравство Венко Филипче се уште било рано за таков чекор. Досега за Македонија границите ги отвори само Србија, додека за да патуваат македонските граѓани во земјите од ЕУ ќе треба да почекаат да заврши забраната на 15 јуни.

Се разбира, сето ова сè уште не е сто проценти сигурно. Иако Европската комисија препорача и отворање на границите, а 15 јуни се споменува како најчест датум, со забелешка: „ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба“. Тоа е, ако не избувне нов бран на епидемијата на вирусот корона.

Сепак, постои дилема за влегување во други земји и процедури за кои сè уште не се договорени меѓу државите.

Според првичните информации за патување во Грција, Турција, Црна Гора, Бугарија, па дури и Египет, нема да се бара никакво тестирање. Ќе се мери температурата и ќе се почитува социјалното растојание, со цел туризмот да оживее.

Кога станува збор за други земји што можат да бидат на вашата листа на желби, сè уште нема точни информации за тоа каква постапка ве чека.

Вестите од Грција кои многумина ги чекаа

Вчера пристигна вест од Грција дека границите за пречек на туристи ќе бидат отворени на 15 јуни, кога официјално ќе започне сезоната, а од 1 јули ќе се обновува меѓународниот воздушен сообраќај.

Министерот за туризам на Грција најави дека негативен тест за коронавирус нема да биде неопходен при влез, но медицинските служби ќе ги тестираат патниците од странство кога ќе сметаат дека е неопходно. Важно е да се каже дека патничкото здравствено осигурување не опфаќа третман за лекување на коронавирус и прочитајте ги сите детали за тоа што ве чека доколку таму се заразите со коронавирус.

Тестирањето е сè уште задолжително за Хрватска

За да влезете во Хрватска, потребен ви е негативен тест за коронавирусот.

Ситуацијата во Хрватска е слична на другите земји, можете да патувате за бизнис потреби, но и за туризам. Она што треба да го имате е негативен тест за коронавирусот, кој не е постар од 72 часа. Хрватска, исто така, најавува дополнително олеснување на мерките, во согласност со препораките на Европската комисија, но сè уште нема точни информации, па затоа се чека на 15 јуни.

ЕУ полека се отвора

Швајцарија, Германија и Австрија започнаа полека да ги отвораат границите минатиот викенд, а целосното отворање е планирано за средината на јуни, што важи и за Франција. Таква е, барем засега, заедничка одлука за членките на ЕУ. Имено, Европската комисија препорача отворањето на границите во рамките на Европската унија да се спроведе во две фази.

Првата би била делумно укинување на ограничувањата и контролите на внатрешните граници и таа фаза веќе започна, и втората која ќе биде проследена со општо укинување на ограничувањата - што се очекува на 15 јуни, кога истекува сегашната одлука за привремени ограничувања на патувањето кон земјите-членки.

Засега е непознато дали тест за коронавирус ќе биде задолжителен и каква ќе биде цената во земјите на Европа и светот.

ЕК: Тестовите и „пасоши за имунитет“ се непотребни

Европската комисија, патем, заклучи минатата недела дека тестовите не се сигурен начин за утврдување на инфекцијата, односно не даде никакви препораки за земјите членки.

Повеќето земји полека ги олеснуваат мерките, почитувајќи ги сите препораки, но очигледно клучен датум за отворање на границите е 15 јуни.

Сè уште постои дилема дали сите земји ќе се откажат од такви пасоши, односно задолжителниот негативен тест за коронавирус. Големи се шансите и тоа да се случи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата