Професорот Александар Нацев преку својот фејсбук профил објави дека министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ.
-Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!!
На припадниците на единицата „Волци“ им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ. Се чини дека после малото затишје кое беше последица на предизборни калкулации, по директна насока од министерката продолжува растурањето на најелитната единица на #АРМ, Баталјонот за специјални намени #Волци. За да биде притисокот врз специјалците поголем и да се наруши кохезивноста на единицата, наредено им е тие сами меѓу себе да се договорат и да достават список кои би биле тие 30 лица, со временски рок до крајот на месецов.
Ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана. За мене е несфатливо како може најобучените и најелитните војници да се уценуваат и омаловажуваат, а токму тие се оние кои први застануваат на бојното поле за да ја бранат татковината, напиша Нацев на Фејсбук.