ГОЛЕМОТО УВО НА БИХАЌКА: Кој дошол на власт со прислушкување, со истото сака и да остане на власт

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГОЛЕМОТО УВО НА БИХАЌКА: Кој дошол на власт со прислушкување, со истото сака и да остане на власт

Македонија има голем проблем со прислушкувањето и следење на опозицијата и нивни симпатизери од страна на актуелната власт. И не само што се прави тоа, туку шефот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев често се заканува дека знае што прави и со кого комуницира опозицијата, се повикува на нелегални телефонски разговори, дека ги знае сметките на бизнисмените и опозиционерите, објавува фотографии на лидери на опозицијата од приватни настани.

Последниот настан кога неговиот близок соработник Зоран Милески Кичеец со кој се среќавал и во владиниот кабинет е испратен на средба кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски со јасна цел да го сними разговорот за пропагандни потреби на СДСМ е само последната алка во тој долг синџир на прислушкување и местенки.

Јавноста можеби заборавила но, вреди да биде потсетена дека владата предводена од Зоран Заев беше прозвана и дека испраќа службени лица од УБК и Агенцијата за разузнавање да следат и прислушкуваат странски граѓани надвор од Македонија за потреби на третти држави. Како што прислушкува и снима приватни разговори, Зоран Заев е и сниман. Па така деновиве изјави дека бил сниман од негов близок пријател и соработник, Александар Верушевски, тоа е познатата снимка које е објавена и каде Заев ги пцуе Македонците и тврди дека невладиниот сектор на Сорос е под негова контрола. Заев не сака да тужи за неовластено снимање, за него тоа е - нормално. 

Причините зошто е Зоран Заев сниман од Александар Верушвски, син на разузнавачот Зоран Верушевски кој собирал туѓи телефонски снимки со години у му ги предал на Зоран Заев, а потоа таа компромитирачка снимка за Зоран Заев завршила во јавноста можете да ја најдете по Фејсбук и порталите каде одмна веќе членови на смејството Верушевски се жалат дека “тие го донеле Зоран Заев на власт, но ги изиграл и не го платил долгот“.

И Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ деновиве, на ТВ дуелот со Радмила Шеќеринска повтори дека власта на Заев и неговата партија постојано незаконски прислушкуваат и следат лица од опозицијата и луѓе блиски до нив.  Целата таа шема на следење и прислушкување ја координира лично Зоран Заев преку мрежа нему блиски луѓе во кои има доверба. Довербата во бликите од СДСМ Заев ја загубил одмна, Особено кога во екот на објави на бомбите почнаа да се појавуваат и други телефонски разговори на пазарот а, слулчајно, во исто време Петре Шилегов купи два стана.

Секторот за прикриени полициски операции во БЈБ го води Тони Јаневиќ, брат на Љупчо Јаневиќ кој е шеф на обезбедувањето на Зоран Заев. Јавната безбедност пак ја раководи Сашо Тасевски, бодигард на Зоран Заев и Оливер Спасовски, награден на оваа функција за пукањето во Собрание на 27 април. 

Кругот на лица кои се дел од оваа шема е исклучиво од луѓе кои зависат кариерно и финансиски од Зоран Заев и кај кои, поради тоа, постои мала можност од изневерување и препродажба на сниките, како што во СДСМ тоа го правеа и прават со прислушкуваните разговори добиени од Зоран Верушевски, сега советник и близок соработник на Зоран Заев.

Тој не им верува на своите први формални соработници во партијата како Радмила Шеќеринска или Мухамед Зекири, па токму поради недовербата прислушкуваните разговори од ДУИ, според изјава на самиот Зоран Заев, не ги дал на превод од албански кај потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири туку кај нему блискиот лик од подземјето Зекир Бекири Чауш.

Дека има многу матни зделки и односи во материјалите со прислушкувањата, како и помеѓу експремиерот Зоран Заев и ликот од подземјето Зекир Бекири Чауш докажуваат и следните факти: 

- На Зекир Бекири Чауш му се судеше во случајот Фабрика за афери, односно фалсификување лични документи, дипломи, имотни листови, пасоши... кои тогашната опозиција предводена од СДСМ и Заев ги употребуваше во својата пропганда како вистинити. На судење од 26 мај 2016 година Чауш шред судот изјави дека му вршеле притисок да признае дека прислушкувани материјали добивал од Зоран Верушевски и Зоран Заев но, тое не било точно. Еве, четири години потоа, со снимка од тој период во 2016-та година дознаваме дека Заев му дал на Чауш прислушкувани разговори, а пред судот видовме изјава од разузнавачот Зоран Верушевски дека снимките тој му ги дал на Зоарн Заев.

- Откако неодамна се објавија снимките во кои Зоран Заев пред Верушевски лично признава дека му дал телефонски разговори на Чауш, кои патем потоа се пуштаа по чајџилници низ Чаир и по албанскии портали, по објава на сниките со војот говор Заев изјави дека е “можно Чауш да имал од снимките но, со цел да ги преведе од албански...“

Следењето и прислушкувањето од страна на Заев и СДСМ кон политички противници и бизнисмени е веќе традиција. Досега, според изјави дадени пред судот, знаеме дека две лица на функција во УБК прислушкувале по своја воља и потоа снимките ги давале на Зоран Верушевски и СДСМ. Тоа се разговорите по кои, потоа, СЈО врши удар за целосно уривање на сегашната опозиција и води истраги и судења против повеќе од 200 луѓе.

Кога некој стекнува власт врз основа на незаконско прислушкување и исто толку незаконско поседување и тргување со туѓи телефонски разговори, сосема е веројатно дека истиот модоел ќе го примени и за да остане на власт. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата