Актерот Хаген Милс изврши самоубиство откако ја застрела својата девојка

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерот Хаген Милс изврши самоубиство откако ја застрела својата девојка

Ѕвездата од серијата „Баскетс“, 29-годишниот актер Хаген Милс, се обидел да ја убие својата девојка Ерика Прајс во нивниот дом во Мејфилд, по што се самоубил. Според британски „Дејли мејл“, Милс ја застрелал мајката на својата 4-годишна ќерка во градите и раката, но таа успеала да избега и да повика полиција.

После тоа, Милс си пресудил самиот  пукајќи си во главата. Во моментот на нападот, нивната ќерка Мила и мајката на Ерика биле исто така во куќата, но за среќа тие не се повредени.

Според полицискиот извештај, актерот ги држел ќерката и мајката на поранешната девојка како заложници во куќата сè додека таа не се вратила дома. Штом дошла, тој почнал да пука кон неа, но за среќа нејзината состојба е стабилна.

Хаген одамна и е познат на полицијата, а пред овој инцидент бил во затвор каде што издржувал казна поради силување од прв степен и содомија, како и киднапирање и поседување метафетамин. Тој бил ослободен од затвор на 6 мај.

Еден од неговите агенти подоцна откри дека не се слушнал со актерот од 2018 година кога се вратил во родниот Кентаки со објаснување дека треба да реши некои проблеми што не се поврзани со филмската индустрија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата