Заврши карантинот, СЕВЕРИНА СЕ ФРЛИ НА ЗАБАВИТЕ ВО ЗАГРЕБ (ФОТО)

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши карантинот, СЕВЕРИНА СЕ ФРЛИ НА ЗАБАВИТЕ ВО ЗАГРЕБ (ФОТО)

Популарната пејачка Северина Којиќ едвај дочека да помине карантинот за да почне повторно да се забавува. Таа била видена како со нејзините приајтели се забавува во едно од кафулињата во Загреб.

Според хрватските медиуми неколкуте дена минати во карантин во нејзиниот стан, таа решила да се опушти со добра музика,а била сликана со микрофонот во рака, како ги забавува гостите.

Северина деновиве беше актуелна во медиумите поради заканите кои ги упати кон една од наставничките во школото каде оди нејзиниот син, Александар, по што мораше да отиде на информативен разговор во полиција.

Неодамна го прослави и својот роденден сама во станот во Загреб. Таа претходно си замина од Белград, каде престојуваше во домот на родителите на нејзиниот партнер Игор Којиќ. Медиумите пренесоа дека двајцата не се во најдобри одности, а причина за нивните чести кавги беа финансиските проблеми.

Игор кој неодамна ја избриша нивната заедничка фотографија од „Инстаграм“, остана во Белград, каде продолжи со својата работа како фудбалски менаџер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата