Во Црна Гора има само еден активен случај на коронавирус

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Црна Гора има само еден активен случај на коронавирус

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека во последните 24 часа е потврден само еден случај на коронавирус и дека станува збор за „увезен случај“.

Бидејќи резултатот од повтореното тестирање на таа личност е негативен, се претпоставува дека најверојатно вирусот бил во завршна фаза, со што се минимизира потенцијалната заразност на тој пациент. Сепак, лицата кои биле во контакт со тоа лице биле идентификувани и ставени во самоизолација.

Од вчера до денес во Црна Гора две лица оздравеле од коронавирус, а само едно лице е наведено како активен случај на Ковид-19 во земјата.

Во Црна Гора се потврдени 324 случаи од кои 314 закрепнале, а девет лица починале.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата