МЕЧКА ПРОПАДНА ВО БУНАР, мештаните ја спасија со трактор и јаже (ВИДЕО)

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЕЧКА ПРОПАДНА ВО БУНАР, мештаните ја спасија со трактор и јаже (ВИДЕО)

Во шумата на подрачјето на општина Прозор, во Босна и Херцеговина, мечка падна во голем бунар, а за нејзина среќа, го пронајдоа добри луѓе и љубители на животните и природата, кои веднаш организираа спасување.

Луѓето додека ја спасуваа мечката се прашуваа како успеала да падне внатре.

Мечката успеала да ја задржи главата над водата, но веќе била исцрпена.

Потоа мештаните се појавиле со трактор и со помош на јаже ја извлекле мечката од бунарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата