Пожарникарите од Лос Анџелес го пронашле безживотното тело на некогашниот американски борач Шад Гаспард.

Имено, тој со својот деветгодишен син Ари, одлучил да плива, иако струјата во водата била премногу силна. За среќа, успеале да го спасат неговото дете, но во средата рано наутро го пронашле безживотното тело на човекот кој што не го идентификувале веднаш.

Гаспард бил 46 метри оддалечен од крајбрежјето последен пат кога бил воочен, а полицијата изјавила:

Тогаш последен пат го видел спасувачот, а брановите го однеле неговото тело надвор од морето!

Неговата сопруга Силијана се заблагодарила на надлежните органи:

Сакам да изразам благодарност на оние кои што први се јавива да го спасат Ари, како спасувачи, пливачи, пожарникари и полицијата која што се обидува да го најде мојот сакан Шад. Шад е борач, воин и има магична душа. Се надевам дека ќе се врати. Како семејство ви се заблагодарувам поради грижата и убавите желби. Ве молам продолжете да испраќате позитивни коментари и молитви насочени кон нашиот Шад – изјавила таа пред да ги дознае кобните вести.

Инаку, Гаспард се занимавал со американско борење во WWE организацијата, а се пензионирал во 2010-та година.

Исто така тој играл во многу филмови, вклучувајќи ја и комедијата со Кевин Харт, „Гет Хард“.

Најчитани вести