Невремето им ги уништи куќите и посевите, а ГРОМ УСМРТИ ТРИ КРАВИ (ФОТО)

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невремето им ги уништи куќите и посевите, а ГРОМ УСМРТИ ТРИ КРАВИ (ФОТО)

Вчерашното невреме направи вистински пустош во регионот, уништени куќи, автомобили, посеви. Град каков што не паметат ни најстарите мештани во српското село Долац целосно ги уништи пластениците, овоштарниците, насадите со малини, пченка и компир, тешко ги оштети покривите од куќите, автомобилите.

Во олујата проследен со град и громови во вторникот уби три крави во селото Грубетиќ. На пештерската висорамнина во некои села речиси половина час паѓал град го големина на јајце од кокошка. На некои делови полјаните се белееја од мраз, а многу жители едвај извлекоа жива глава спасувајќи ја стоката. невремето ги срушило и покривите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата