Силен земјотрес од 6,2 степени го погоди грчкиот брег, ЗАСЕГА НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ЖРТВИ

21.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес од 6,2 степени го погоди грчкиот брег, ЗАСЕГА НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ЖРТВИ

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала е регистриран во близина на грчкиот брег, соопшти денеска Медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 240 километри југозападно од грчкиот регион Метони на Пелопонез, на длабочина од десет километри под површина на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Од почетокот на овој месец, Грција, поточно грчкиот остров Крит, го погодија неколку земјотреси, од кои последниот вчера со интензитет од 4,4 степени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата