ГРАД го „потепа“ Прилепско

20.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГРАД го „потепа“ Прилепско

Невремето кое попладнево ја зафати Македонија направи големи штети врз земјоделските култури. Во село Заполжани, општина Долнени, до 70 % се уништени расадите за тутун и овоштарниците, информираат мештаните за Маркукуле.

Во Долненско невремето било проследено со обилни врнежи од град, дожд, а дувал и засилен ветер. 

Засега нема информации каде се зафатило невремето и колкави се вкупните штети врз земјоделците, но според она што се гледа на фотографиите објавени на Маркукуле се работи за вистинска катacтpoфа.

Инаку, пред два дена Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информираше дека започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците за заштита од град.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата