„ТЕЛЕНОВЕЛАТА“ СО ПЛОЧАТА НА ПЛОШТАД ПРОДОЛЖУВА, отстранети плочките кои беа поставени вчера, ќе се постават други

20.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„ТЕЛЕНОВЕЛАТА“ СО ПЛОЧАТА НА ПЛОШТАД ПРОДОЛЖУВА, отстранети плочките кои беа поставени вчера, ќе се постават други

Продолжува „теленовелата“ околу спомен плочата на Мајка Тереза на скопскиот плоштад. Првин немаше пат кој води до неа, но по бројните реакции, вчера беа поставени неколку плочки за „колку да се каже“ дека има пристап до плочата. Но, денеска плочките беа отстранети. Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека ќе бидат поставени нови.

Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани, најави други реакции ако не биде изграден пат до спомен-плочата на Мајка Тереза.

„Но доколку се остави настрана ова и се манипулира со нашата реакција, јас верувам дека вака како што се собравме денеска, ние ќе ги користиме и другите институционални и граѓански реакции“, истакна Скендер Асани.

На низата реакции им се приклучи и Спомен куќата на „Мајка Тереза“, Универзитетот „Мајка Тереза“ и Здруженијата „Мајка Тереза“ во Струга и Скопје. Дебатата околу блокирањето на пристапот до плочата на светската хуманистка трае веќе една недела, но за ова прашање сѐ уште не е изнајдено соодветно решение.

Пристапот до спомен плочата беше блокиран од зеленилото засадено од засега анонимна компанија. Уследија бројни реакции од јавноста, барајќи да се изгради пат за туристите да можат да се доближат до плочата на спомен-куќата на Мајка Тереза.

Извор: ТВ21

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата