ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ: Предложен е дводневен карантин за викендот

20.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ: Предложен е дводневен карантин за викендот

Министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека Комисијата за заразни болести побара полицискиот час во текот на викендот да биде од 19:00 часот во сабота до вторник во 05:00 часот.

„Утрово имавме состанок со Комисијата за заразни болести и Комисијата му предложи на Кризниот штаб и  Владата во текот на викендот да има целосно ограничување на движењето, односно полицискиот  час да трае од сабота од 19 до вторник до 5 часот наутро“,рече Филипче, пренесува ТВ21.

Барањето за продолжување на полицискиот час, како што објасни Филипче, се заснова на зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

„Сите овие случаи што ги имавме во овој период главно се должат на семејни собири што се случија во овој период. Поради олеснување на мерките, имаме нови случаи и во овој поглед решивме да воведем поригорозни мерки “, рече Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата