МОМИРОСКИ: Дали Заев му се закани на Александар Верушевски со децата?

19.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОМИРОСКИ: Дали Заев му се закани на Александар Верушевски со децата?

Зоран Заев денеска соопшти дека Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е човекот кој ги лиферувал четирите аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од авторот „Бошко Буха“ во кои Заев се слуша како го пцуе народот што не гласа за него. Новинарот Горан Момироски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ истакна дека денешната изјава на Заев може да се протолкува како закана кон децата на Верушевски.

Во ситуација кога вие отркивате дека некој ве снимал и постои сериозна индиција дека тој човек што ве снимал има и други бомби за вас, вие му ги споменувате неговите дечиња, така кажано дека ги сакате неговите дечиња кое според мене може да се протолкува и како сериозна закана, а и како обид да се замоли да не се емитуваат бомби од страна на Александар Верушевски, вели Момироски.

Дестина дена откако беше објавено што зборуваат Заев го откри идентитетот на снимателот кому му простил.

„Седевме ручавме и ете сега видов дека ме снимал. Во добри односи сме и сега. Јас сум пријател со неговото семејство, многу ги сакам неговите дечиња. Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, изјави Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата