Нема ни „Северна ни Македонија“: Началникот на АРМ за НАТО е од „МК-Скопје МОД“

16.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема ни „Северна ни Македонија“: Началникот на АРМ за НАТО е од „МК-Скопје МОД“

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, за првпат како полноправен член, учествуваше на 183-тото редовно заседание на Воениот Комитет (ВК) на НАТО, највисокото воено советодавно тело на Алијансата.

На заседанието, кое за првпат се одржува по пат на телеконференциска врска, началниците на генералштабови на aрмиите на 30те земји членки, согласно агендата разговарале за тековните операции, мисии, активности и оперативните заложби за градење на стабилност и зајакнување на партнерствата.

Но она што остана забележно е дека на мониторите не беше напишано ниту новото официцијално име на нашата држава ниту пак дека тој е Генерал на македонската армија.
Па ако за началникот на Полска пишува дека доаѓа од Полска, за тој од Романија си стои дека е од Романија, под неговото име стоеше МК-Скопје МОД

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата