ТРАГЕДИЈА: Почина таткото на девојката која БЕШЕ ТЕПАНА ОД ДВАЈЦАТА „МАНГУПИ“ ВО ШТИП

15.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Почина таткото на девојката која БЕШЕ ТЕПАНА ОД ДВАЈЦАТА „МАНГУПИ“ ВО ШТИП

Судбината продолжува да се подигрува со животот на 21-годишната девојка којашто беше претепана од двајца штипјани. Притисокот и проблемите со кои во изминатиот период се соочуваше семејство беа премногу за нејзиниот татко. Неговото срце не издржа. Единствената поткрепа на девојката замина, но зад себе остави долгови кон банките кои 21-годишната штипјанка не може да ги плати, пишува Алфа.

Таа остана сама. Пред да почине татко и, мајка и е згрижена во психијатриска установа. Единствена поткрепа во овие тешки моменти е семејството на чичко и. Алфа стапи во контакт со ного. Не сака јавно да зборува, образложувајки дека душевната болка и состојбата во која се наога неговата внука е многу тешка. Потврди дека и е потребна финансиска помош, затоа што наследила кредити во висина од над 200.000 денари. Во куќата во која живее девојката треба да се изведе дополнителен приклучок за струја, а за тоа се потребни пари кои таа не може да ги плати бидејки е неврботена, објaснува чичкото.

Единствена светла точка во сивилото што и го нуди животот е, да си го врати едногодишното дете, кое е дадено на згрижување. За алфа вели дека тоа и е мотивација да продолжи со животот понатаму. Прв чекор до реализирање на желбата е вработување. Објаснува дека живее во страв. Тврди дека добива закани по живот од двајцата насилници.

Во случајот активно со правна помош се вклучени невладината организација ЕХО и социјалните работници од штипскиот Центар за социјални работи. Доделена и е еднократна парична помош, а со од вчера, ќе биде корисник на социјална помош во висина од 4000денари. Преку Агенцијата за вработување се прават напори да и се обезбеди и вработување..

Девојката, вниманието на јавноста го привлече откако минатиот месец на социјалните мрежи се појави видео клип каде што се гледа како ја тепаат во влез на зграда. Двајцата сторители експресно беа откриено, а судот им изрече казна во висина од по 2,6 години.

Извор: Алфа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата