Компанијата Apple го претстави новиот 13-инчен MacBook Pro со Magic Keyboard тастатура. Во период од шест месеци Apple ги смени тастатурите на целата понуда на лаптопи.

13-инчниот MacBook Pro има 16 GB побрз 3733 MHz RAM, како и 256 GB SSD меморија. RAM меморијата може да се надогради на 32 GB, а SSD меморијата до 4 TB.

Од Apple тврдат дека 10. генерација на процесорите на Intel има turbo boost до 4,1 GHz и новата графика Iris поддржува Pro Display XDR со 6К резолуција.

Основниот модел од 1.299 долари доаѓа со 256 GB меморија, што значи дека има 128 GB повеќе во однос на претходните модели. Нарачките започнуваат од денес.

Најчитани вести