Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е рано да се размислува за целосно укинување на полицискиот час и за тоа треба посериозна анализа која ќе потврди дека сериозен број на денови има намален тренд на заболувања и нема нови кластери.
„Трансмисијата на корона вирусот е под еден, со што е израмнета кривата на епидемијата, има линеарен број на случаи и секој ден оздравени“, изјави Филипче.
Сепак, тој повика повторно секој граѓанин да даде придонес со доследно почитување на мерките и на тој начин постепено да се врати животот на нормалата.