Понеделнички

На крај ќе треба и да им платиме

26.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На крај ќе треба и да им платиме

Епидемијава и се погоди на власта како нарачана. Тендери, вработувања, лажни вести се редат во низа. Сега никој не ја прашува владата што е со платите, со правната држава, со економијата или здравјето и образованието на граѓаните. Сите прифатија дека е доволно да спасиме жива глава, а се друго не е битно.

Па ако здравјето без пари ви е поважно од слободата и работата што ве храни и ве прави човек, ич од дома не излегувајте. Заев ќе ве храни. Со пропаганда.

Владата сега е без лимити. Се очекува да се донесе уредба за боречка пензија за Верушевски и соработниците што пет години краделе туѓи телефонски разговори и му ги предале на Заев. Го донеле на власт. Верушевски на суд тврдеше дека Заев после ги фалсификувал но, имал Заев конвертибилни аргументи и го предмислил.

Народ кој му поверувал на Заев за 500 евра плата, дека СЈО е независно, дека Меркел лично му ветила за Фолксваген дека доаѓа во Скопје, три пати досега да слави датум за преговори со ЕУ, Боки го знаел само од телевизија, дека “жими деца уставно име не мењавам“... тој народ не е за почитување.

И, ако сте ја прифатиле таа мантра, ќе прифатите се што следи потоа. А следи диктатура. Секоја власт сонува никој за ништо да не ја прашува, а на власта и е благодарен што се разбудил сабајле жив и здрав. А после – што носи денот.

И што носи денот? Еве месец ипол од епидемијата ние не купивме респиратори. Не мафтаат како ретардирани дека само што не дошле, болни лежат по болнци ако ги примат пошто сега болните ги лечат по телефон. Заклучок, респиратори не ни требаат. Затоа, најавија дека во иднина болните од корона вирус ќе плаќаат лечење од свој џеб. Небаре ставаат силикони на цицките, пошто во оваа држава промена на пол е платена од буџет ама, заболен од корона вирус ќе си плаќa секој.

Држава во која за хомосексуалците се плаќа од буџет по милион евра годишно за вазелин, или модерно лубриканти, за да не ги жуља при односот, не одвои пари за респиратори. И ти после ќе ми кажеш нешто за Венко Филипче и Заев?! Се што имаат напатенине души во здравство за заштита стигна од донации, а медицинарите и пациентите се препуштени сами на себе. Што ќе им даде Гопод.

А Заев знае што сака Господ. Нели рече: Исус да е жив би рекол да не одиме во црква за Велигден! Па да е жив, нема ни да има Велигден. Претходно кажа дека Гоце да е со нас би гласал на референдум за промена на уставното име. Пророк е човекот! Месија. Затоа на нас не ни требаат ни респиратори, ни лекови. Заев тврди и дека неговата марихуана е лек за се, па вие сега дувајте.

Гледате дека Максим, градоначалникот на Куманово, иако на тест беше позитивен на корона вирус оздраве без ништо. Он, како функционер на СДСМ, од првите редови до Месијата од Струмица има привилегија прв да дува од неговиот лек. Дувал, и сега е здрав. И ај сега верувај на тестовите од Филипче кога на нив сами се покажа дека се фалц. Максо на лажњак пола влада им утера во карантин.

Му го земаа Заев и Филипче лебот на Иван исцелителот. Овена човекот во сенка.

Нема што да се очекува од оваа власт. Нивните сметки, особено во странство, се полни до плафон. Нашите сметки се празен бунар. Сите влади даваат од буџетот на своите граѓани и компании за да не колабира економијата, нашава држава зема од граѓаните и фирмите дури и во ова време. Видете ги акцизите, цените за бензин. Ни земаа 65 милиони евра од џеб, а граѓаните ќутат како мисири. Забранија фирми да качуваат цени во време на кризава, ама владата го поскапе бензинот.

На гревовите што сликаат фискални и чекаат ќар од тоа владата им препорача парите да ги донирале за хуманитарни цели. За тоа време, сред корона епидемија, Заев се вози со мотор од Струмица до Берово и зад него вози тајфа од државно платени полицајци што го пазат да не падне. А ќе падне, кад-тад. Особено откако ја омажи Македонија за богата фамилија, па го сменивме името. Ова со ќебињава што ги добивме од ЕУ е верајатно од чеизот за невестата.

Божем ќе штедела во владата, ама еве деновиве набавија 3 тона кафе од скапото, 700 кила индиски ореви, фстаци, бадеми, лешници... мислиш од импотенција а не од корона се лечиме. Милион евра за вазелин, лешници и бадеми... и само ќе ти се покаже што се прави во владата по цел ден. А ти сликај фискални, и донирај.

Чекај што ќе дојде од Господ. Ги нема ни оние 14.500 денари за вработен што останал без работа заради наредба на владата. Паднаа на 9.000 денари. Па ни тие ги нема, и нема да ги има, ич не се надевај. Ќе се испостави дека немаш доволно работни часови за да ти ги платат. Ќе го добиеш само кусурот.

Не само што нема пари од државата за кризава која се случува туку, на крајов, секој од нас ќе мора да плати, или донира пари, за оваа власт да опстане и остане.

Те крадат, а ти гледаш и ќутиш. Ќутеше и кога плеснаа милион евра за плати на СЈО кое не постои. Сега ќе избројат 520.000 евра за нивните невладини. Избори се ближат, а они собираат пари за гласови да купуваат.

Предвидливи се. Улични, селски мангупи. Имаат само маалска логика кој кого ќе заебе, и кој прв ќе дојде до парите од тендерот.

Пред две недели на ова место напишав дека изборите ќе бидат во јули. И, еве го СДСМ, предвидливи какви што се, праат комбинации како да се собере непостоечкото собраните да изгласа датум за избори до почетокот на јули. Тој состав на собрание не постои. Пратениците од него не се веќе пратеници. И, колку можат тие да свикаат собрание, толку можат и пратениците од собранискиот состав пред пет или осум години. Колку може Таљат Џафери да закаже седница, толку може и Трајко Вељановски. Или, правно не може ниту еден од нив.

Но, на сила стекната власт само на сила и се одржува. А насилството се шири секој ден, се додека гласачаот трпи и ќути. Нема тука поштедени, трпат и симпатитезите на СДСМ и ДУИ, исто колку оние што зе ВМРО.

Ако си за СДСМ, имаш ли плата од 500 евра? Ти ја намалија ли платата, загуби ли работа заради епидемијава. Ти даде ли државата помош, онака како што даваат во другите држави. Од свој џеб плаќаш власт затоа што си бил наивен и ќутиш. Како што најавија дека од свој џеб државниве обвинители и судии ќе плаќаат власт на која и служат без поговор и без закон. Од страв и за инает на ВМРО. Сега се бунат. Некој од нив имал ќар, ама за опстанок на власта треба да плаќаат сите. А богами, судиите и обвинителите одработија за оваа власт како никој друг.

И, до кога вака. Па, барем до избори. На 18 март на Фејсбук напишав дека СДСМ има намера да го врати стариот состав на Собранието, да закаже седница на која Заев се враќа за премиер, а ДУИ го исфрлаат во опозиција после што следат брзи избори за да не се осетат последиците од епидемијата, пред се оние економските. Ти викам, предвидливи се. Ефтини мангупи од политичкото подземје.

И, после се, еве прашувам, со кој аргумент било кој на избори би гласал за СДСМ? Ако си Македонец, освен сиромаштијата и стравот во кој си турнат, како ќе објасниш губење на нација и иднетитет само за Заев да биде на власт. Деновиве ВМРО ги објави документите со кои Заев се откажал и од македонскиот јазик, им го подарил на Бугарите а овие го поништиле со нула. Нема македонски јазик во ЕУ.

И, на кој јазик ќе објаснуваш дека СДСМ е подобра власт? А во која држава е таа подобра власт кога ја нема Македонија? А која е таа власт што владее без закон? 

Затоа Шилегов вика стока се тие што не гласале за него. Слабо го плаќаме, треба да се појача.

Д.П. Латас (27.04.2020)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата