Ќе се изненадите КОЈ МОДЕЛ НА ФОЛКСВАГЕН Е НАЈПРОДАВАН ВО 2019-ТА?

21.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе се изненадите КОЈ МОДЕЛ НА ФОЛКСВАГЕН Е НАЈПРОДАВАН ВО 2019-ТА?

Кога ќе се спомне германскиот Фолксваген со децении до осумдесеттите луѓето прво помислуваа на легенадрната Буба, а децениите потоа на најпродаваниот модел во својата класа Фолксваген Голф кој сега ја живее својата осма генерација. Но, иако е се уште најпрован во класата бестселер, пазарно изненадување во Европа е друг модел на Фолксваген.

Најбараниот модел на Фолксваген во светот во 2019 година бил Тигуан, кој го продаде во дури 910.926 примероци. Исто така, тој е прогласен за најпопуларен автомобил во целата VW група.

Од неговото лансирање во 2007 година, Тигуанот е продаден во над 6 милиони примероци. Овој автомобил, исто така, минатата година ја заработи титулата најпродаван SUV во Европа и се рангираше меѓу првите три најбарани SUV автомобили во светот. Како што е пресметано од германскиот производител, во 2019 година еден VW Тигуан излегол од фабричките ленти за секои 35 секунди.

Прва генерација (2007 - 2016 година)

Тигуан дебитираше на Саемот за автомобили во Франкфурт во есента 2007 година и пристигна на пазарот подоцна истата година. Во 2008 година, веќе привлече над 150.000 клиенти и веднаш стана најпродаваниот SUV во Германија. Достапни беа верзии на погон на предните и на сите тркала.

Фолксваген го воведе преработениот, дизајнерски дотеран Тигуан во 2011 година со бројни промени и подобрувања во однос на неговиот претходник, што наскоро создаде продажбата на над 500.000 единици.

Втора генерација (2016 -)

Во април 2016 година, Фолксваген лансираше втора генерацијаТигуан, заснована на модерна механичка платформа MQB. Благодарение на оваа платформа, Тигуантот е значително модернизиран и инсталирани се нови погони и се прошири опсегот на моторот. Купувачите можеа да набават возила кои се движат од 115 КС до 240 КС.

Во 2017 година, новиот Тигуан беше првиот модел кој доби варијанта на продолжено меѓуоскино растојание (+110 мм). Овој модел се продава во Европа под ознаката Тигуан allspace а во САД само како Тигуан бидејќи нема достапна верзија со стандарден растојание на оската. Покрај поудобната патничка кабина, Тигуан allspace нуди и опција за седиште во трет ред.

Интересно е што благодарение на добрата продажба во САД и Кина, продолжениот Тигуан во светот е повеќе побаруван од стандардниот модел. Од вкупниот број продадени возила, 55% се „allspace“ верзии.

Фолксваген денес го произведува Тигуан во четири фабрики на три континенти: Германија, Русија, Кина и Мексико. Германскиот производител неодамна објави дека наскоро ќе им понуди на клиентите редизајнирана втора генерација Тигуан со голем број подобрувања во однос на сегашната верзија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата