Формула 1 би можела да го одржи светскиот шампионат оваа година дури и ако сезоната не може да започне до октомври, вели извршниот директор Рос Браун.

Браун вели дека Ф1 гледа на трките зад затворени врати како начин за започнување на сезоната откако кризата со коронавирусот постепено ќе се намалува.

Ф1 мора да најде простор з аорганизација на најмалку осум трки за една сезона да се класифицира како светски шампионат.

„Ако веќе зборуваме за ‘дед лајн’ за оваа сезона, тоа ќе биде октомври“, рече Браун.

Тој вели дека постои можност овогодишната сезона дури и да навлез ево следната 2021 година во првите два месеци за да може да комплетира потребен број трки за официјализација на првенството.