Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта за 14 проценти, или 1,6 милиони барели на ден, изјави неименуван официјален претставник на руското Министерство за енергетика.
        
„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,6 милиони барели на ден“, изјавил официјалниот претставник на Кремљ.
        
Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји и се предвидува да се намали глобалното производство за 70 милиони барели на ден.Видео-сесија за падот на светските производство на нафта на земјите од ОПЕК се очекува да се одржи денеска.
        
Рускиот претседател Владимир Путин порано изјави дека Москва е подготвена да го намали производството на нафта само доколку другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го сторат истото.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата