Најлошото допрва доаѓа: Нема знаци дека е дојден врвот на епидемијата на КОВИД-19

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најлошото допрва доаѓа: Нема знаци дека е дојден врвот на епидемијата на КОВИД-19

Ковид-19 се уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите, пренесуваат британските медиуми.

Во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, се наведува дека бројот на мртви од сите причини, вклучувајќи го и Ковид-19, е поголем од очекуваниот и тоа во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија, и тоа во најголема мера кај луѓе постари од 65 години.

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на  умрени, во споменатиот извештај на Агенцијата се наведува дека „ во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата“.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција од болести, Андреа Амон, изјави дека со оглед на постојните достапни докази може да се очекува натамошно континуирано ширење на вирусот.

„Се уште е рано за укинување на сите мерки за физична дистанца“, се додава во извештајот.

Овој извештај е во корелација со денешната изјава на директорот на СЗО за Европа, Ханс Круге, која кажа дека состојбата во регионот „ е многу загрижувачка“. Круге денеска од владите побара внимателно да го разгледаат  потенцијалното укинување на мерките со кои на граѓаните им се ограничува движењето. (МИА)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата