Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, побара денес да не се политизира пандемијата на коронавирус, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја обвини агенцијата на ООН дека е премногу блиску до Кина и дека лошо управува со кризата.

„Не го политизирајте вирусот. Нема потреба да се користи ковид-19 за собирање политички поени“, одговори тој на онлајн прес-конференција на новинарско прашање за обвинувањата од Трамп.

„Имате многу други начини да се докажете“, додаде тој и повика да се избегнува играње со оган.

„Ве молам политизирањето на ковид ставете го во карантин“, рече Гебрејесус.

Трамп вчера изјави дека СЗО е премногу блиска до Пекинг.

„Се чини дека сè оди во прилог на Кина, тоа не е прифатливо“, рече Трамп, заканувајќи се дека ќе го прекине американското финансирање за СЗО.

извор: Makfax

Најчитани вести