Неколку корисни совети како ДА ЗАШТЕДИТЕ ДОДЕКА РАБОТИТЕ ОД ДОМА

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неколку корисни совети како ДА ЗАШТЕДИТЕ ДОДЕКА РАБОТИТЕ ОД ДОМА

 

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите електрична енергија во вашиот дом за време на кризата. Така, сметките ќе бидат помали во овие тешки месеци.

Користете продолжен кабел со повеќе приклучоци и копче за вклучување

Кога ќе завршите со работа, само притиснете едно копче и сите уреди се исклучени.

Исклучете screensaver

Screensaver-от на екранот ја зголемува потрошувачката на енергијата и не е потребен кај современите монитори. Наместо тоа, подобро е да го исклучите мониторот доколку подолго време не планирате да го користите уредот.

Користете “sleep mode”

Компјутерот и мониторот задолжително вклучете ги на режим на мирување. Оваа поставка се наоѓа на контролниот панел, под ставката “power option”. За разлика од опцијата “stand by”, “sleep” му овозможува на компјутерот целосно да се исклучи, а може повторно да се вклучи многу брзо.

Исклучете го рутерот

Доколку рутерот не го користите постојано, истиот не мора да се постојано вклучен бидејќи на тој начин заштедувате енергија. Ова треба да го знаете бидејќи дури и кога не користите интернет, рутерот троши електрична енергија.

Користете дневна светлина

Работете на место до кое продира дневната светлина. Кога надвор е тмурно, користете ламби чија светлост може да се подеси за да не работи со полн капацитет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата