ТВ 21: „Случајот е чувствителен, ЈО работи на тоа“ – Дали, зошто и кој го сменил исказот на 11-годишното девојче во полиција?

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТВ 21: „Случајот е чувствителен, ЈО работи на тоа“ – Дали, зошто и кој го сменил исказот на 11-годишното девојче во полиција?

Случајот со силувањето на 11-годишното девојче за кој за прв пат известивме вчера, пријавен е во СВР Куманово. Го обезбедивме записникот од исказот, а информациите кои се запишани таму, се такви како беше известено вчера во сторијата на ТВ21. Според записникот се потврдува дека малолетничката добивала закани да молчи од почетокот на 2020 кога започнал зимскиот распуст.

„Повиците биле преку смс пораки од телефонски број …. до нејзиниот телефонски број…., малолетничката ги избришала веднаш и отишла кај него, за да има сексуални односи, кои траеле 2 часа, се така до почетокот на 2020 година“, се вели во дел од записникот.

За да дознаат до каде е работата со пријавениот случај, како што велат од ТВ21, ја контактирале шефицата на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ, која не била запознаена со случајот. Потоа им било кажано прашањата да ги испратат по електронски пат. Ја побарале и адвокатката која го заверила записникот од пријавата. Таа не сакала да даде изјава, бидејќи како што рекла, случајот е чувствителен.

За да дознаат што се случило со иказот на девојчето и дали е вистина дека поради заканите кои ги добивало го сменило првичниот исказ, без присуство на нејзината мајка, го контактирале и потписникот на записникот, бидејќи како што изјавила мајката на девојчето, истото лице било присутно и на распитот.

Но, иако од ТВ21 до МВР испратиле конкретни прашања како:

  • Кој бил при распитот на малолетничката?
  • Кое е лицето кое се спомнува од мајката на девојчето дека и се заканувало на ќерка и за таа да го смени изказот во полиција?
  • Дали е земено на распит сомнителното лице во СВР Куманово?
  • До каде е постапката за овој случај?
  • Испративте ли информација до ЈО?

Од МВР добиле површен одговор:

„Во СВР Куманово е пријавен случајот и полициските службеници постапувале во координација со ЈО со цел расчистување на случајот. За целиот случај до ОЈО Куманово е испратено известување на 13 февруари 2020 за понатамошмна постапка. Исто така, ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, за криминална истрага и професионални стандарди, врши проверка на постапката за постапувањето на полициските службеници и доколку се утврди незаконско дејствување, ќе следат соодветни санкции“, велат од МВР.

Од ТВ 21 велат дека испратиле прашања и до Обвинителството, но се уште нема одговор. Како што објавија вчера, не можејќи повеќе да трпи, нејзината мајка одлучила целиот случај да го сподели со јавноста. За силувањето го обвинија нивниот 19-годишен братучед, од кого девојчето добивало смс пораки да се сретнат, но и потоа закани. Лицето било во полиција, сега е на слобода. Тој тврди дека е невин, па и упатил закани до екипата на ТВ21. Дека навистина девојчето е силувано, потврда има и од гинеколошка ординација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата