ЛОШИ ВЕСТИ: Латино дивата ја откажала венчавката – „Не знам како ќе се одвиваат работите“

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛОШИ ВЕСТИ: Латино дивата ја откажала венчавката – „Не знам како ќе се одвиваат работите“

Пејачката Џенифер Лопез во една популарна емисија рекла дека нејзината венчавка со Алекс Родригез ќе мора да почека, поради моменталната состојба која владее во светот.

Всушност, оваа ситуација влијаеше на сите нас, па ќе видиме што ќе се случува. Искрено, навистина не знам. Ќе мора да почекаме и да видиме за неколку месеци, како ќе се одвиваат работите, рече Џенифер.

Нејзиното момче Алекс Родригез ја запроси минатата година во март после две години врска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата