Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над 17.000, соопшти италијанскиот национален штаб за цивилна заштита во Рим.

Во последните 24 часа има 3.836 нови пациенти.

Од почетокот на епидемијата, во Италија заболеле 135.586 луѓе. Досега закрепнале 24.392 лица, додека активни се 94.067 случаи.

Денес има околу 800 повеќе нови пациенти од вчера, но и 60 мртви помалку од вчера.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата