Лани го стигна основачот на Фејсбук - Кајли Џенер втора година по ред е НАЈМЛАДАТА МИЛИЈАРДЕРКА НА ПЛАНЕТАТА

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лани го стигна основачот на Фејсбук - Кајли Џенер втора година по ред е НАЈМЛАДАТА МИЛИЈАРДЕРКА НА ПЛАНЕТАТА

 

На годишната листа на милијардери се најде и Кајли Џенер втора година по ред.

Таа со своите 22 години е најмлада милијардерка на планетата, благодарение на нејзиниот козметички бренд „Kylie Cosmetics“, кој и донесе огромно богатство.

Кајли во март 2019 година од првото место лесто го симна основачот на Фејсбук Марк Закерберг, кој стана милијардер во 2008 водина на свои 23 години.

Потоа таа во ноември 2019 продаде 51 отсто од својот козметички бренд на фирмата „Coty Inc“ за неверојатни 600 милиони долари.

Договорот кој е склулчен во јануари 2020 година подразбира дека нејзиниот бизнис сега вреди 1.2 милијарди долари а таа и понатаму самостојно поседува 49 проценти од копманијата.

Инаку Кајли е една од вкупно 2.095 луѓе на светот кои имаат богатство со 10 цифри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата