(Видео) Свештеник врши „драјв-ин“ исповед поради коронавирусот, верниците ги чека на паркинг

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Свештеник врши „драјв-ин“ исповед поради коронавирусот, верниците ги чека на паркинг

Полски свештеник смисли драјв-ин исповед на паркингот пред неговата црква во Варшава, за да може верниците да побараат прошка за гревовите во времето на коронавирусот и пред Велигден.

Свештеникот Матеуш Киеларски седи на паркинг и ги слуша верниците наведнати од прозорецот на автомобилот.

Walk in and Drive thru confessions here at Saint A’s

Posted by St. Anastasia Parish on Сабота, 21 март 2020

„Од безбедноста на своето возило, тие можат да се грижат за својата душа и во исто време да ги заштитат своите тела од зараза во овие тешки времиња“, рече тој.

Драјв-ин исповеди се исто така организирани во неколку американски држави.

Илјадници католици од петок го одбележуваат Велигден, еден од најважните празници во христијанскиот календар, во време на сериозни ограничувања во општествениот живот поради ширењето на коронавирусот.

Во Полска, една од најрелигиозните држави во Европа, на повеќе од две лица им е забрането собирање и само пет лица имаат право да присуствуваат на миса.

Властите затворија училишта, ресторани и повеќето продавници. Ковид-19 досега однесе повеќе од 100 животи во Полска и се разболеа речиси пет илјади луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата