Препораки за вработените во производните погони во екот на коронавирусот

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Препораки за вработените во производните погони во екот на коронавирусот

На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува производниот процес во наредниот период да го ораганизираат на начин кој ќе овозможи поголема заштита од ширењето на коронавирусот.

Така Владата препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени, за работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.

Вработените не треба да ги менуваат работните места, а во самиот погон задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

Во текот на работното време од страна на вработените треба да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена, а за време на паузите треба да се забрани групирање во групи поголеми од пет лица.

Исто така се препорачува да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот, како и еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории.

При позитивен случај на КОВИД-19 на вработено лице, тоа се изолира и испраќа дома и се советува итно да го контактира својот матичен лекар.

Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и доставува комплетни податоци за позитивниот работник на КОВИД-19, подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина до него (пред и одзади).

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листа на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

По направеното темелно механичко чистење на погоните/просториите и направената дезинфекција од страна на овластена установа, се продолжува со нормалниот производствен процес.

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата