Даниел Данн си пее и си кулира - Quarantine and Chill!

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даниел Данн си пее и си кулира - Quarantine and Chill!

- Во време кога настапите нам музичарите ни се откажани јас и мојот бенд решивме дека токму ова е вистинскиот начин да ја изразиме нашата креативност. Музицирајќи во домашен амбиент успеавме да направиме дело со кое се надеваме дека ќе придонесеме за доброто расположение на нашите фанови и дека сите вие ќе ја добиете потребната доза на мотивација која и нас нè активираше, вели Даниел Данн, кој под тематика Quarantine and Chill реши да преработи десетина македонски поп хитови.

Дел од бендот на Даниел Данн се Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти).

Видео обработка е на Даниел Данн, а аудио миксот на Александар Кипровски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата