Карантинот во Италија се продолжува уште 15 дена

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карантинот во Италија се продолжува уште 15 дена

Италијанската влада в петок, најдоцна в сабота ќе донесе нови мерки за продолжување на карантинот за уште 15 дена.
Техничко-научниот одбор во владата, кој управува со рестриктивните мерки за епидемија, инсистира на тоа мерките за ограничување сè уште да не се намалуваат.

Штом почнавме да зборуваме пред неколку дена за втора фаза, односно за намалувае на ограничувањата, забележани се повеќе луѓе на јавни места и на улиците.

Поради тоа комесарот за вонредни ситуации предизвикани од коронавирусот, Доменико Аркури предупреди: „Чувајте се од оптичките илузии, опасни цели, сè уште не сме на неколку чекори од крајот на епидемијата, далеку сме од крајот на вонредната ситуација. Евентуално намалување на забараната никако нема да значи дека сите сме слободни, им се враќаме на старите навики“.

Според оптимистичките проценки, намалувањето на забраната за движење и работа во Италија би можело да почне на почеток на мај, а според најлошите прогнози, отворање нема да има пред втората половина на мај.

Либерализацијата на рестриктивните мерки ќе се однесува пред сè  на почеток на работата на некои фабрики, јавни служби, а нема да има значајни промени во поглед на однесувањето на граѓаните. Тие и натаму ќе останат дома.

Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 3.039 нови случаи на заразени со коронавирус и 604 нови починати. Овие податоци го потврдуваат стабилниот тренд на забавување на ширењето на епидемијата во последните неколку дена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата