Фирмите во Јапонија прогласуваат стечај поради коронавирусот

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фирмите во Јапонија прогласуваат стечај поради коронавирусот

Најмалку 42 претпријатија во Јапонија поднеле барање за стечајна постапка во февруари оваа година, наведувајќи ја штетата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус како причина за прекин на работата, објави јапонската јавна телевизија.

Од тие компании, 70 проценти се од секторот туризам и угостителство.

Јапонската влада нема намера да ги компензира загубите за сите компании и бизниси кои престанаа да работат во итни услови поради ширењето на новиот коронавирус.

Ова го соопшти на прес-конференцијата во Токио секретарот на владиниот кабинет Јошихид Суга.

Тој рече дека помошта од владата ќе биде насочена кон компании чии приходи нагло опаднале.

Еден ден порано, владата објасни дека ќе им помогне на компаниите со даночни ослободувања ако нивните месечни приходи се барем преполовени поради проблемите поврзани со ширењето на новиот коронавирус.

Гувернерите на 47 јапонски региони, незадоволни од ваквата политика, побараа од владата да ја надомести загубата на сите компании што престанаа да работат во согласност со вонредната состојба.

Јапонските власти воведоа вонредна состојба во седум региони, вклучувајќи ги Токио и Осака. Во нив живеат вкупно 55 милиони луѓе. Жителите беа замолени да не ги напуштаат своите домови без посебна потреба. Не е воведен тврд карантин и властите бараат од луѓето да останат дома колку што е можно повеќе.

Во Јапонија во моментов има повеќе од 5.100 потврдени случаи на инфекција, од кои околу 700 се патници и членови на екипажот на крстосувачот „Дајмант принцес“.

Во Јапонија се регистрирани 109 смртни случаи од коронавирус.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата