МОЈ ДДВ: СО ЧЛЕНСКА ВО РАКА - Награда без мака (ФОТО)

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОЈ ДДВ: СО ЧЛЕНСКА ВО РАКА - Награда без мака  (ФОТО)

Државна лотарија во саботата ги извлече добитниците на наградите од  100.000 денари од најградната игра МојДДВ, но како и претходно, така и овој пат не изостанаа сомнежите за начинот на кој се бираат добитниците на вредните награди.

Имено, еден од првите добитници на наградата од 100.000 денари кои ги претставија од Државна лотарија на нивниот Фејсбук е  Дејан Ѓошев, кој како што велат тие бил возбуден уште кога ја најавиле и дека со нетрпение чекал да почне да скенира фискални сметки.

Сепак, доколку се погледне Фејсбук профилот на Ѓошев може да се види дека се работи за истакнат член на СДСМ од Аеродром, редовен на партиските состаноци со градоначалникот  на општината Златко Марин.

Исто така на претходното извлекување, добитник на 100.000 денари беше и уште еден активист на СДСМ, Небојша Арсиќ од Тетово, кој може да се забележи на терен со високи функционери на партијата, а исто така активен за време на кампањата за референдумот за промена на името.

За потсетување, претходно КОД истражуваше дека за само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1000, 2000 или 3000 денари, а Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1000 денари.

Овие случаи фрлаат сериозен сомнеж на тоа колку се работи за случаен избор на добитници и дали возбудата била поради можноста да се скенира или знаењето дека сигурно ќе бидете добидник на награда.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата