ДОКАЖАНО: НЕМА поврзаност помеѓу 5Г мрежата и коронавирусот

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОКАЖАНО: НЕМА поврзаност помеѓу 5Г мрежата и коронавирусот

На социјалните мрежи во изминатиов период се споделуваат најразлични видео снимки кои говорат за тоа има блиска поврзаност помеѓу 5Г технологијата и коронавирусот, но научниците остро ги демантираат ваквите тврдења.

Дел од корисниците на Фејсбук сметаат дека токму 5Г технологијата го ослабнува имунолошкиот систем на луѓето и ги прави подложни на нови вируси, а друг дел, пак, смета дека коронавирусот може да се пренесе со користење на оваа технологија. Сепак, професорот Симон Кларк цврсто уверува дека сите овие теории се неточни и невозможни.

– Имунолошкиот систем на луѓето може да биде загрозан поради лошиот начин на исхрана, поради стрес или умор, но треба да биде јасно дека 5Г технологијата има многу ниски радиобранови кои не можат никако да влијаат врз имунолошкиот систем – тврди Кларк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата