Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на законскиот рок за склучување договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020, што го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун.

Со оваа одлука, наместо до 31 март, рокот за склучување договори се продолжува до 30 април. Ваквата одлука се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена поради пандемијата на коронавирусот поради што процесот на склучување договори во март не се одвиваше со иста динамика како во февруари 2020 година.

Од овие причини на почетокот на овој месец Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство направи анализа. Според извештаите што произлегуваат од Информативниот систем за евиденција на тутунот (ИСЕТ), за реколтата 2020 година до 7 април 2020 година склучени се 29.531 договор на површина од 11.936 хектари за планирана количина од речиси 22.654 тони тутун.

Во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун, за да може да склучуваат договори и по законскиот рок кога би се договориле околу 1.500-1.600 тони тутун, МЗШВ предложи, а Владата денеска го прифати предлогот, за одложување на рокот за склучување договори за производство и откуп на тутун, односно продолжување до крајот на овој месец.

извор: Makfax

Најчитани вести