Андреа Бочели ќе одржи концерт за Велигден, но во празна катедрала Дуомо

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Андреа Бочели ќе одржи концерт за Велигден, но во празна катедрала Дуомо

Концертот во живо ќе се емитува преку Јутјуб на каналот на Бочели.

Славниот италијански тенор Андреја Бочели ќе одржи концерт на Велигден во празна катерала Дуомо.

Манифестацијата ќе се пренесува директно, и ќе претставува негова симболична порака на љубов, надеж и подршка за излекување на заболени од корона вирус.

Покрај оргуљите во катедралата, Бочели ќе го прати Емануел Вианели, а заедно ќе изведат познати дела како што е Санта Марија од Пјетра Мaскањини, пренесува Ројтерс.

Концертот ќе биде емотивен и ќе се прикажува преку Јутјуб, канал на Бочели.

- Почестен сум и среќен да кажам “да“ на поканата на градот Милано и катедралата Дуомо. Верувам во силата на заедничката молитва, верувам во христијанскиот Велигден, универзален симбол на повторно раѓање кое сега му треба на секого, и да е верник и да не е – рекол Бочели.

Тој додал дека директниот пренос ќе обедини милиони луѓе кои заедно ќе ракоплескаат секаде во светот.

Градоначалникот на Милано, Ѓузепе Сала, напоменал дека Велигден оваа година ќе биде поразличен, а дека посебниот глас на Бочели ќе претставува “прегратка која на сите им недостасува во овие денови, и кои ќе може да го згрее срцето на Милано, Италија и светот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата