Филмско БРКАЊЕ и ПУКАЊЕ низ Скопје

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмско БРКАЊЕ и ПУКАЊЕ низ Скопје

Вчера попладне во 18.30 часот на мост кон ул.„Лука Геров“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од с.Арачиново, Скопско, и В.М.(18) од с.Чајлане, Скопско, бидејќи на бул.„Ѓорче Петров“ при обид од полициските службеници за сопирање на патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х., во кое сопатничка била В.М., истото не застанало, при што полициските службеници со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата